ГРК Охрид и Е. Пелистер во европска ждрепка

Екипата на ГРК Охрид, утре ќе го дознае противникот во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп, а истовремено ќе дознае и против кого би играл во евентуалното полуфинале. 

Охриѓани ќе бидат една од осумте екипи што утре ќе го дознае патот кон финалето. Почнувајќи од 1/4 финалето, веќе нема носители и сите седум тима се потенцијални противници на македонскиот клуб. 
По комплетираното 1/8 финале, утре во ждрепката ќе се најдат следниве екипи:

ГРК Охрид (Македонија)
Татабања (Унгарија)
Олимпијакос (Грција)
Целје Пивоварна Лашко (Словенија)
Бањик Карвина (Чешка)
Брно (Чешка)
Нилуфер (Турција)
Извиѓач (БиХ)


Пола-пола се шансите за македонскиот тим да добие противник против кого би бил фаворит. Непосакувани се Олимпијакос, Целје и пред сѐ Татабања, додека Бањик, Брно, Извиѓач и особено Нилуфер се екипи што пратично ги отвораат вратите од полуфиналето. 

Нешто подоцна, кадетскиот тим на Еурофарм Пелистер ќе го дознае својот противник во ждрепката за младинскиот клупски трофеј. 
Битолчани на крајот на март ќе играат во Пореч, а потенцијални противници се екипите на Загреб, Алборг и Фуксе Берлин. 

 

Поврзани вести