РФМ добива организација на Јуниорско СП?

Ракометната Федерација на Македонија аплицираше за организација на Светско првенство во машка конкуренција до 21 година што ќе се одржи во 2027 година.

Домаќин на овој Мундијал би бил нашиот главен град Скопје и би се играло во четири сали.

Според наши извори, шансите Македонија да ја добие организацијата на мундијалот се големи. Во тек е инспекција, а на почетокот на март ќе биде финално одговорено од централата во Базел.
Македонија досега има организирано повеќе големи настани. Претходното раководство на РФМ речиси секоја организираше без разлика дали ЕХФ или ИХФ настани сега веќе и има доволно акумулирано искуство во организација на вакви големи настани, што не се едноставни за организација, особено кога станува збор за учество на голем број на репрезентации.

Од спортски аспект, ваквите првенства се полн погодок, или со други зборови кажано, кога во Македонија се играше СП во машка конкуренција, можевме во живо да ги гледаме Симон Питлик, Мартим Кошта, Јулијан Кестер, Хаукур Трастарсон... ѕвезди што по години се млади веќе го обликуваат ракометот според своите квалитети.



 

Поврзани вести