Екипата на ГРК Охрид на својот пат кон финалето на ЕХФ Европскиот Куп ќе треба да го елиминира грчкиот претставник Олимпијакос, а потоа и подобриот од дуелот меѓу екипите на Целје Пивоварна Лашко и романскиот Бузау.
Не може да се пофали со многу среќа во денешната ждрепка македонскиот тим ГРК Охрид пред кого стојат два тешки предизвика во 1/4 финалето и евентуалното 1/2 финале на ЕХФ Европскиот Куп.
Грчкиот Олимпијакос е противникот во 1/4 финалето, тоа е екипа што добро се знае со охриѓани од гостувањата на турнирот покрај езерото, а потоа уште еден тим што е добро познат за охриѓани, екипата на Целје според фаворитските улоги би требало да стои на патот за финалето.
Не е и толку лошо, врпочем, најважното во оваа ждрепка беше да се избегне унгарската Татабања. Со нив, Охрид би играл дури во евентуалното финале.
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
1/4 ФИНАЛЕ
Олимпијакос – ГРК Охрид
Целје – Бузау
Татабања – Нилуфер Бурса
Извиѓач – Карвина
1/2 ФИНАЛЕ
Целје – Бузау / Олимпијакос – ГРК Охрид
Извиѓач – Карвина / Татабања – Нилуфер Бурса