Вардар го преслуша подмладениот Мелзунген

Фото: РК Вардар 1961

ВАРДАР 1961 – МЕЛЗУНГЕН 37-33 (18-19)
Малус 10, Воркапиќ 9 – Стефансон 12, Елкоф 6



Екипата на Вардар 1961 го совлада тимот на Мелзунген во Скопје во второто коло од Главната рунда и значително ги подобри своите шанси за пласман во Плејоф разигрувањето што е следната фаза од Европската лига за второ и третопласираниот тим во групата.

Гарсија Парондо ги остави во Германија речиси сите играчи што го носат товарот во Бундеслигата, а во Скопје дојде со вториот тим прошаран со понекој повозрасен играч како Гвардиола, Игњатов и Марчан.

Со таква консталација на ракометари на германскиот тим сѐ освен победа на Вардар 1961 ќе беше сензационален резултат. Македонскиот клуб ја потврди улогата на фаворит, но иако конечниот резултат покажува сигурна победа, Германците воопшто не беа подредени. Напротив, Вардар беше во подредена улога во најголемиот дел од првото полувреме. Мелзунген играше лесно, тактиката седум на шест си вршеше работа, а по десетина минути игра Мелзунген имаше плус шест (10-4).

Вардар почна да се подобрува по влегувањето на Валах на голот и на Милан Лазаревски. Дотогаш Јака Малус го одржуваше во игра со поддршка од Вукашин Воркапиќ. Српското крило по лошиот настап против Алаклоид во Автокоманда, денеска беше еден од најдобрите ракометари на Вардар и еден од двајцата најдобри стрелци со тоа што кај него се запишани и реализираните седмерци.

Како и да е, Вардар до последните пет минути од првото полувреме беше во подредена улога, а потоа влезе во една убава серија и на одмор замина само со гол негатива.

Уште тогаш беше јасно дека возот наречен „изненадување“ замина за ракометарите на Мелзунген, па прашање што чекаше одговор беше кога Вардар ќе ги преземе сите конци во своите раце.

Тоа се случи околу 50 минута од натпреварот кога црвено-црните од 27-26 стигнаа со 31-27 и се одвоија на разлика што за противникот беше недостижна. Во последните 10 минути, Вардар играше во препознатлив ритам, не препушти ништо на случајот и конечно запиша победа од

Поврзани вести