Е. Пелистер со Граховац, ГОГ со Митун и Бјере на денешниот меч

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Новиот ракометар на Е. Пелистер, пикерот Никола Граховац денеска ќе дебитира во Лигата на шампионите во дресот на македонскиот првак, на гостувањето кај екипата на ГОГ во Данска.
Стевче Алушовски на својот втор меч како тренер на Е. Пелистер во ЛШ, од тимот ги изостави голманот Давид Брестовац, бековите Алем Хаџиќ и Мирче Калајџиоски и рехабилитираното крило Цветан Кузманоски.

Екипата на ГОГ во комплетен состав го чека денешниот меч, откако во екипата се вратија повредениот бек Оли Митун од Фарски острови и аквизицијата на Висла Плоцк за следната сезона, крилото Фредерик Бјере.

Битолчани шанси за следната рунда имаат само на хартија, a пораз на денешниот меч ќе значи и матетматичка елиминација од Лигата на шампионите.

Поврзани вести