МАКЕДОНИЈА - БЕЛГИЈА 33-28 (17-13)
МАКЕДОНИЈА: Илиќ (13 одб), Чурлиновска, Петковска, М. Јанкуловска 8, Младеновска 6, Кипријановска 6, Стефаноска 6, Гакидова 2, Седлоска 2, Рисоска 2, Џатевска 1, Коларовска, Гугуљанова, А. Јанкуловска, Коцева, Дамјаноска
БЕЛГИЈА: Антонисен 13, Бонс 6, Смитс 6, Гијсенс 2, Oну 1...
Женската сениорска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Белгија со шест гола разлика (34-28) и е на пат да го оствари посакуваниот и очекуван пласман на третото место во групата. По минималниот пораз во Хаселт, нашиот тим оствари победа што е доволно добра за подобар скор во меѓусебните дуели со Белгија и сега е одново во игра за пласман на ЕП.
За таа цел ќе треба да има подобар скор од две третопласирани од вкупно шест на крајот од квалификациите.
Првото полувреме на реванш натпреварот со Белгија одново не беше за пофалба, имајќи го во предвид реномето на противникот. Но, вечерва во Куманово добро функционираа играчите од надворешната позиција. По играта гол за гол во првите 15 минути и резултат 6-6, Македонија почна резултатски да се одлепува. Најголемата заслуга за тоа ја има голманот Андреа Илиќ. Таа одбрани неколку шутеви во серија и тоа шутеви што релативно чиста позиција што одбраната не успеа да ги спречи. На спротивната страна погодуваа македонските ракометарки од надворешната позиција, беа тоа убави за око погодоци и нашиот тим поведе со 11-7, потоа и 12-8 и тогаш го направи клучниот исчекор.
Белгија во еден момент намали на 10-12, но тоа беше нивниот максимум вечерва.
На полувреме резултатот беше 17-14, а во продолжението, нашиот тим не им дозволи на противничките резултатски да се доближат и да го загрозат водството на начин на кој им успеа пред три дена во Хаселт.
Имаа во неколку наврати минус два гостинските играчи (17-19, 19-21) и тоа беше тоа. Македонија поведе со 23-19, потоа разликата ја зголеми на плус пет за прв пат на мечот (26-21), а во последните 10 минути, водеше нашиот тим со пет-шест гола разлика до конечните 33-28.
Со овој меч завршува втората етапа од квалификациите и до крајот остануваат уште два натпревари. Тоа ќе бидат дуели со светскиот вицепрвак Германија на домашен терен и со репрезентацијата на Словенија на гости. Термините се 8-10 април.