Нов пех за екс ѕвездата на Металург

Photo: Archive/HC Metalurg/SEHA

Поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац доживеа нов пех и подолго време нема да може да настапува за својот клуб Рајн Некар Ловен.
Хрватскиот репрезентативец чија кариера постојано ја пресекуваат повреди, за време на тренинг со својата екипа, се здоби со фрактура на метатерзална коска на стапалото и веќе е опериран.
Добрата вест е што операцијата минала добро, без компликации и ракометарот веќе е во фаза на рехабилитација.
Халил Јагањац (27) во Македонија дојде на 19 годишна возраст од редовите на ПСЖ 2. Одиграното во Металург беше голема препорака за трансфер во Нексе кој плати висока отштета во тоа време. Од Нашице замина во Келце, а од Полска се пресели во РНЛ.

 

Поврзани вести