По неочекуваниот и разочарувачки пораз во Белгија пред три дена, женската сениорска репрезентација на Македонија попладнево, во Куманово, ќе има последна шанса да го поправи впечатокот и да се избори за третото место во квалификациската група за ЕП 2026.
За овојување на третото место на Македонија и е потребна победа од најмалку два гола разлика. Против Белгија, на домашен терен тоа не би требало да биде никаков проблем, но по натпреварот во Хаселт, веќе не сме сигурни ниту во тоа што мора(в)ме да бидеме сигурни.
Ако Македонија победи попладнево, тогаш како третопласирана екипа во групата (под услов Белгија да биде поразена од Словенија и Германија, а во тоа сме сигурни), ќе ја избрише нулата од пред три дена.
Во продолжението на квалификациите, односно во пребројувањето со репрезентациите што ќе бидат третипласирани во другите пет групи, ќе се сметаат само резултатите од дуелите со првите два тима во групата.
Натпреварот во Куманово ќе почне во 17:00 часот.
Јована Кипријановска беше најдобриот играч на Македнија на првиот натпревар, а денеска ќе има и мотив плус затоа што реваншот ќе го игра во нејзиното родно Куманово.
„Ќе се претставиме во поинакво светло од првиот натпревар. Овие два дена анализиравме каде грешевме на првиот меч и ќе ги исправиме тие грешки. Треба да бидеме фокусирани од првиот момент за секоја топка и во напад и во одбрана“, изјави Кипријановска.