-
07.3.2026
-
Македонски ракомет
РК ПРОЛЕТ - РК АЛКАЛОИД 18-34 (12-15)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегат: Марјан Начевски
РК ПРОЛЕТ 62: Трајков, Глигоров 2, Василевски 1, Костов, Великиќески, Андоновски 1, Јовиќ 1, Дамчевски, Димковски 1, Стојановски 3, Стојчевиќ 2, Стоилевски, Дрпљанин 1, Палевски 5, Ѓорчевски 1, Давитковски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 14 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски 1, Џонов, Тордарсон 3, Маркоски, Никола Костески 6, Стојковиќ 2, М. Митев 5, Велковски 1, Симоноски 1, Ивановски, Ненад Костески 3, Д. Митев 9, Аларов, Николов 2, Ѓорговски 1
Седмерци: 6/8 Исклучувања: 8 мин.
Екипата на Алкалоид го совлада тимот на Пролет во финалето на групата што се играше во Автокоманда и им се приклучи на екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 кои исто така обезбедија пласман на завршниот турнир. Последниот член на големата четворка, ГРК Охрид би требало утре да го верификува својот пласман.
Вечерва во Автокоманда, Алкалоид и Пролет играа рамноправно полувреме. Пролет водеше до 15 минута, потоа Алкалоид израмни на 8-8, па зголеми на 10-8 и на одмор замина со три гола предност (15-12).
За да не гледаме интересно второ полувреме, ракометарите на Алкалоид се погрижија во првите седум минути од вториот дел кога со серија од 4-0 стигнаа до плус 7 гола. Потоа разликата постојано растеше. Во 48 минута прв пат 10 гола (26-16), на крајот преубедливи 16.
Поврзани вести