ВЕСТИ: Алекс го пропушта дебито на Талант, Кој ќе ја води Норвешка ...

Бјарте Мирхол, Борге Лунд, Кристијан Кјелинг и Глен Солберг се четирите тренери со кои шпекулираат норвешките медиуми за позицијата селектор на машката репрезентација од која на 1 јули заминува актуелниот селектор Јонас Виле.

Миљан Вујовиќ (25), црногорски голман кој има и словенечки пасош и 20 настапи за репрезентацијата на Словенија, крајот на сезоната ќе замине од Штутгарт. Тој веќе е претставен за нов члена на екипата на Слован.

Алекс Душебаев нема да настапи на мечот меѓу Шпанија и Франција закажан за неделата на ЕХФ. Алекс е повреден и нема да биде на терените шест недели. Овој натпревар е специфичен затоа што на клупата на Франција ќе дебитира Талант Душебаев.

По една сезона мината во Флензбург и одбележана со повреди, германскиот репрезентативец Лукa Вицке наводно планира заминување од Флензбург и преселба во клуб каде што ќе има повеќе минути. Мелзунген и Ерланген се споменуваат за следна десетинација, но се споменува и излезна клаузула од 300.000 евра.

Поранешниот селектор на БиХ, Тони Чолина, е новиот тренер на некогашниот освојувач на ЕХФ Куп, хрватскиот тим Метковиќ.

 

Поврзани вести