ВЕСТИ: Партизан го промовираше Раул, Кој е најбараниот играч во светот?

Фото: РК Партизан

РК Партизан го промовираше шпанскиот стручњак Раул Гонзалез за нов тренер на тимот од следната сезона. Се очекува во Партизан да пристигнат Илија Абутовиќ од Е. Пелистер и шпанските ракометари Мигел Санчез Мигаљон и Алехандро Барбеито од екипата на Бенфика.

Покрај Барса која е фаворит број еден, за потписот на десниот бек Маркос Фис (18) новиот шпански репрезентативец од екипата на Гранољерс, според шпански медиуми, заинтересирани се и Кил, ПСЖ, Веспрем, Келце и Спортинг. Тој е во моментов најбараниот играч, особено што не се знае како ќе се развива трансфер сагата на Кико Кошта.
Маркос Фис минатата година ја „одби“ Барса и потпиша за Гранољерс каде што ужива во поголема минутажа, слобода во игра и контролиран притисок. Има уште една година договор со нив, но се чини дека летово нема да може да одолее на понудите што постојано се зголемуваат.

Актуелниот европски првак Магдебург го продолжи договорот со шведскиот пивот Оскар Бергендал до јуни 2028 година. Бергендал во Магдебург дојде од екипата на Штутгарт каде што беше доведен откако Жарко Пешевски се врати во Македонија. Со своите дефназивно-офанзивни карактеристики стана еден од најкорисните ракометари на Магдебург и продолжувањето на договорот е логичниот развој на настаните.

Норвешкиот репрезентативен голман Торборн Бергеруд демантираше дека заминува од Висла Плоцк за да му се приклучи на германскиот првак Фуксе Берлин.
„Не бил блиску ваков трансфер. Воопшто, никогаш“, изјави Бергеруд за ТВ Полска и додаде дека има договор со Висла Плоцк до 2028.






 

Поврзани вести