Вардар го чека Монпеље на патот кон Ф4

Комплетирани се Плејоф и 1/4 финалните парови во Европската лига откако вчера завршија последните натпревари од Групната фаза. И во Европската лига, исто како и во ЛШ годинава се игра последната сезона според тековниот систем на натпреварување. Следната сезона ќе има и екипи што ќе испаднат од Лигата на шампионите, па целата приказна ќе изгледа поинаку. 

Вардар 1961 на крилјата на двете победи над Мелзунген ќе го прескокне Плејоф и оди директно во 1/4 финале. Таму најверојатно ќе треба да се соочи со подобриот од дуелот Елверум и Монпеље. Фаворит е Монпеље, екипа која е многу добро составена и во која играат и помалку избледени но и актуелни ѕвезди како Диего Симонет, Валентан Порт, голманите Шарл Болсанже, Густаво Капдевил и Реми Десбоне, потоа Агустин Касадо, Звонимир Срна, Килијан Вилмино, Јацк Турин, Монте дош Сантош, Лукас Пелас, а и еден поранешен вардарец од шампионскиот тим - Рожерио Мораеш. 
Дали Роберто Парондо и Мелзунген мислеа два чекори напред и дали калкулираа е филозофско прашање, фактите се дека тие ќе играат прво елиминации со данска Фредериција, а потоа во 1/4 финалето одат на Порто.
На прв поглед Мелзунген има подолг пат, но и полесен пат. Сепак, „домашниот есап на пазар не изглегува“, па ќе видиме кој прошол подобро кога за тоа ќе дојде времето. 

Придобивка за Вардар 1961 е што си го проретчи календарот и ќе може повеќе да се фокусира на домашното првенство каде што е во голема предност во трката за шампионската титула. Новиот најважен меч за нив е гостувањето во Битола, веќе во недела, меч што може да им ја донесе шампионската титула. 
 

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
Кристијанштат - Нексе
Победникот ќе игра со: КИЛ
Монпеље - Елверум
Победникот ќе игра со: ВАРДАР 1961
Фредериција - Мелзунген
Победникот ќе игра со: ПОРТО
Архус - Флензбург
Победникот ќе игра со: ХАНОВЕР-БУРГДОРФ

Поврзани вести