Утре билети за дербито Е. Пелистер - Вардар 1961

📷 РК Еурофарм Пелистер

Првото Плејоф гостување на Вардар 1961 во Битола е закажано за во недела со почеток од 19:00 часот. Со оглед на моменталната состојба на табелата што скопскиот тим има четири бода предност и податокот дека Вардар на гостински терен доби еден плејоф дерби меч, утрешниот меч може да биде решавачки во битката за шампионската титула. 
Секако дека има уште доста да се игра и можат работите да тргнат вака или онака, но Е. Пелистер не смее да си дозволи ниту еден пораз до крајот на сезоната, а особено не на домашен терен против Вардар 1961. 

РК Еурофарм Пелистер објави дека билетите за натпреварот ќе бидат пуштени во продажба утре во 13:30 часот. 

Поврзани вести