-
14.3.2026
-
Македонски ракомет
ГРК ОХРИД - РК АЛКАЛОИД 27-27 (13-14)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Делегати: Камер Металари и Душко Камишевски
ГРК ОХРИД: Пилиповиќ, Блажески, Борозан 3, Стрмљан 4, Ојлески 2, Јагуриноски 1, Иванковиќ 4, Кукуловски, Тасески, Моралес, Савревски, Љапис 1, Петриќ 1, Ѓукиќ 8, Ќосевски, Прибетиќ 3
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 3, Тордарсон 1, Маркоски 2, Никола Костески 6, Стојковиќ, М. Митев 4, Велковски 1, Симоноски, Ивановски, Ненад Костески 4, Борзаш 4, Аларов 2, Николов, Ѓорговски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 6 мин.
Екипите на Охрид и Алкалоид одиграа нерешено во првото големо дерби викендов, со што се одржа неизвесноста во трката за подобар пласман конкрентно меѓу овие две екипи. Охрид во првото коло есеноска освои бод во Скопје, Алкалоид сега врати со бод и следниот меч во Автокоманда ќе биде можеби решавачкиот.
Првиот дел мина во резултатски израмнета игра во која и двата тима имаа периоди во кои беа во водство, но не успеаја да ги претворат во посериозна разлика што ќе им гарантираше помирно второ полувреме.
Почетокот му припадна на домашниот тим кој водеше во воведните минути, но брзо гостинскиот состав на Алкалоид израмни (7-7) ја презема предноста и поведе со два гола разлика (9-7). Имаше Алкалоид и напад за плус три при резултат (11-9), но тоа не беше вовед во поголема разлика, напротив, откако не успеа тој напад, домашните со серија од 3-0 преминаа во водство од 12-11.
До крајот на полувремето имаше уште еден пресврт и на одмор Алкалоид замина со гол предност (14-13).
Гостинскиот состав на овој меч настапи без Серафимов и Ѓоргиев, а во првото полувреме црвен картон доби и Џонов што ги измеша картите на тренерот Лазаров каде што Џонов игра важна улога во одбрана.
Алкалоид во вториот дел набрзина стигна со плус три (16-13), но одново се врати Охрид во игра и не само што израмни, туку премина во водство.
Слично како и во првиот дел, до крајот на натпреварот двата тима се менуваа во водство за конечно да дојде критичниот период во кој се решаваше победникот.
Охрид тргна индивидуално, прво Иванковиќ, потоа Борозан решаваа од соло акции, а на спротивната страна вешто враќаа гостите и натпреварот остана во егал.
Алкалоид пропушти контра напад и зицер за водство во последната минута, откако врвно реагираше голманот Пилиповиќ, вечерва можеби најдобриот играч на Охрид.
Охрид имаше и последен напад, речиси цела минута тактизираа и комбинираа и на крајот ја загубија топката, останаа уште неколку секунди но Алкалоид не успеа ниту да тргне во напад откако акција им беше вратена назад.
Поврзани вести