ЕХФ ја закажа ждрепката за ЕП 2028

Европската ракометна федерација и организаторите на ЕХФ Еуро 2028, а тоа се Шпанија, Португалија и Швајцарија ја закажаа ждрепката за квалификациите за ЕП 2028 што ќе почнат во октомври годинава и ќе траат до мај следната година.

ЕП 2028 ќе се игра со 24 репрезентации, а трите домаќини и актуелниот првак Данска се директно квалификувани и тие место квалификации ќе играат во ЕХФ Еуро Куп.
Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Двете првопласирани од секоја група ќе се пласираат на ЕП. Од осумте третопласирани, четири ќе се пласираат на ЕП. За одредување на најдобро третопласирани се важат само соодветните резултати од дуелите со двете првопласирани во групата.

Одредувањето на позициите во ждрепката се врши според четиригодишниот ранкиниг објавен по последното ЕП. Новиот ранкинг беше објавен на 2 февруари, а сумирани се резултатите од 2023 до 2026 година, заклучно со ЕП 2026.
Македонија на овој ранкинг има скок од четири места и е рангирана како 15 земја. Тоа во претстојните квалификации носи место во вториот шешир.

ЕХФ и организаторите ја закажаа ждрепката за квалификациите за 10 дена од сега, на 26 март во 18:00 часот, а ќе се одржи во Португалија, во градот Лисабон.

ЕХФ ЕУРО 2028
Квалификувани: Данска, Шпанија, Португалија, Швајцарија

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2028
1. ШЕШИР: Франција, Германија, Хрватска, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка, Словенија
2 ШЕШИР: Холандија, Австрија, Македонија, Србија, Ф. Острови, Чешка, Полска, Италија
3 ШЕШИР: Ц. Гора, Грузија, Романија, Грција, Белгија, БиХ, Украина, Литванија
4 ШЕШИР: Словачка, Финска, Израел, Турција, Луксембург, Косово, Летонија, Естонија/Кипар


 

Поврзани вести