Чупиќ го „потврди“ трансферот на Хориха

Во Македонија се збореше, за Хрватска се потврди. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ во интервју за Јутарњи потврди дека следната сезона Димитро Хориха заминува од Вардар во Пик Сегед. 
Тренерот на скопскиот тим најави нови имиња, одамна се зборува за доаѓањето на голманот Милан Бомаштар, а од пред некој ден и на дефанзивецот Марко Тасиќ. 

Можеби ќе има драматичен пресврт во приказната со Украинецот, но поверојатно е дека е прашање на ден е кога Хориха ќе биде претставен во Пик Сегед, а прашањето што ќе чека одговор е каков ќе биде статусот на Хориха кога е во прашање македонското државјанство, пасош, шансите за игра за репрезентацијата. 

Поврзани вести