ВЕСТИ: Тунис одбра Французин, Филип Лазаров од минус осум до плус три...

Photo: Tunisia Handball

Српските медиуми практично ја официјализираа новата регионална лига во која би требало да играат Војводина, Партизан, Динамо Панчево и Дубочица, потоа црногорските Будванска Ривијера и Ловќен и квартетот македонски екипи, Вардар 1961, Е. Пелистер, Охрид и Алкалоид.
Но, приказната е далеку од готова, сѐ уште нема согласност од македонските клубови.

Екипата на Интерактив Ратинген каде што тренер е Филип Лазаров изведе голем кам бек на мечот со Мелзунген 2 и од минус од осум гола (6-14), стигна до победа од 30-27. Сега Интерактив е на осмото место во лигата со 24 освоени бода, дури 16 повеќе од зоната за испаѓање и може да одигра мирен финиш на сезоната во која резултатската цел – опстанок во Третата Бундеслига е практично обезбеден уште на средината на март.

Познатиот француски тренер, Тјери Анти (ПСЖ, Нант, Спортинг...) е назначен за нов селектор на машката репрезентација на Тунис.
Неговиот претходник беше домашен тренер и не можеше да излезе на крај со струите во тунискиот ракомет и си поднесе оставка и покрај обезбедениот пласман на СП 2027.

Белорускиот ракометар Кирил Самојла би требало да биде уште едно засилување на словенечкиот тим Слован, нивниот најактивен тим на трансфер пазарот.

Легендарниот играч и тренер, Талант Душебаев го имаше својот прв собир со репрезентативците на Франција. На клупата на францускиот тим ќе дебитира на меч со репрезентацијата на Шпанија.
 

Поврзани вести