Прво сито пред СП: Словачка или Украина?

Photo: Marcus Bauer

Денеска почнуваат квалификациските натпревари од Бараж 1 за пласман на СП 2027. Македонија не е меѓу овие репрезентации благодарение на добриот настап на ЕП 2026, но следниот противник на Македонија ќе биде Украина или Словачка. 
Овие два тима денеска ги отвораат квалификациите со дуел на неутрален терен во Германија. Мечот почнува во 19:30 часот. Претходно од 16:00 часот ќе играат уште и Грција - Белгија, а другите натпревари од квалификациите се утре. 

БАРАЖ ЗА СП 2027
Денеска:
Украина – Словачка (Македонија)
Грција – Белгија (Холандија)
Утре:
Србија – Литванија (Унгарија)
Турција – Романија (Норвешка)
Грузија – Израел (Шпанија)
Финска – Ц. Гора (Словенија)
Летонија – Полска (Австрија)
БиХ – Косово (Ф. Острови)

Поврзани вести