Закажа ли Словачка бараж со Македонија?

Photo: Marcus Bauer

Репрезентацијата на Словачка ја совлада Украина во првиот меч од бараж дуелот за пласман на СП 2027. Вечерва, на неутрален терен во Германија, каде што домаќин беше репрезентацијата на Украина, словачкиот тим запиша победа од 27-24 (16-11) и доколку во реваншот што за три дена ќе го игра на домашен терен ја одбрани оваа разлика, ќе се пласира во следната рунда каде што противник ќе и биде репрезентацијата на Македонија.
Украина се до неколку часа пред почетокот на натпреварот беше фаворит, но нагло почна да ги губи шансите откако беше откриен нивниот состав. Селекторот Вадим Бражњик на располагање немаше неколку играчи што се запишани како стандарндни. Тие што повеќе следат ракомет би требало да ги препознаат голманите Генадиј Комок (Мотор) и Антон Терехов (Баја Маре), потоа Димитро Артеменко (Азоти), Тарас Миноцкиј (Данкерк), Захар Денисов (Темишвар), Александар Тилте (Хапоел), Димитро Тјотник (Мотор), Иван Бурзак (Островија)... Сите овие ракометари не беа во тимот, па „единствената“ светла точка остана Игор Турченко кој ја одигра својата ролја, постигна 11 гола, но од 20 обиди или нешто повеќе од 50%.
На спротивната страна, дури десет стрелци, меѓу кои Јурај Бријатка со седум гола беше најефикасен.

Украина водеше до 20 минута, главно со гол до два разлика, а потоа Словачка ја презема контролата и на полувреме имаше плус пет (16-11). Максималната предност Словачка ја имаше во 50 минута, а таа изнесуваше седум гола (24-17), но дозволи на украинскиот тим да им се доближи на 26-24, пред да го постават конечниот резултат.

Поврзани вести