Охрид и Олимпијакос без гостински навивачи

ГРК Охрид денеска информираше дека по барање на ЕХФ, натпреварите од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на Олимпијакос и ГРК Охрид ќе се играат без присуство на гостински навивачи. 

Олимпијакос и Охрид по меѓусебна комуникација го прифатиле предлог барањето на ЕХФ и се договорија да не продаваат билети на гостински фанови. 
Ова е мерка на внимателност откако минатата година имаше тензии во финалето на ЕХФ Куп кога АЕК гостуваше во Македонија, а претходно истиот грчки клуб направи драма и на дуелите со Партизан од Србија. 

Какви ќе бидат тензиите на претстојното одмерување на силите меѓу Олимпијакос и Охрид ќе видиме, но барем нема да имаат главоболки и двата тима со готински фанови. 

Првиот натпревар ќе се одигра на 29 март во Атина, реваншот е на 4 април во Охрид. 

Поврзани вести