СП 2027: Осум екипи добија градови домаќини во Германија

Photo: IHF

Германската федерација селектираше, а Извршната комисија на ИХФ ја одобри распределбата на репрезентациите низ градовите домаќини за време на СП 2027. Па така, Хрватска ќе игра во Минхен, Швајцарија во Штутгарт, а репрезентацијата на Исланд на Светското првенство во Германија 2027 да игра во групата „Х“ во градот Магдебург.
Досега беше познато дека Германија ќе игра во групата „А“ во Минхен, а Данска во групата „Г“ во Кил.
Посебен домаќин доби и репрезентациите на Франција, таа ќе игра во градот Штутгарт, а Шведска исто како и Данска ќе игра на „домашен“ терен во Кил.
Доколку Франција и Швајцарија не успеат да се квалификуваат, нивните места ќе ги заземат репрезентациите на Италија и на Чешка.
Комплетната ждрепка ќе биде извршена на 10 јуни.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ГЕРМАНИЈА 2027
ГРУПА „А“: Минхен - ГЕРМАНИЈА
ГРУПА „Б“ : Штутгарт - ШВАЈЦАРИЈА
ГРУПА „Ц“: Минхен - ХРВАТСКА
ГРУПА „Д“: Штутгарт - ФРАНЦИЈА
ГРУПА „Е“: Кил - ШВЕДСКА
ГРУПА „Ф“: Магдебург - ПОРТУГАЛИЈА
ГРУПА „Г“: Кил - ДАНСКА
ГРУПА „Х“: Магдебург - ИСЛАНД

Поврзани вести