Актуелно

Македонија и Австрија одново без победник

АВСТРИЈА - МАКЕДОНИЈА  30-30 (15-15)
Кузмановски 10, Митев 5, Костески 4, Велковски 3, Николов 3

Репрезентацијата на Македонија продолжува да игра во добра форма и по завршувањето на ЕП, а во пресрет на бараж натпреварот за пласман на СП.
Вечерва во Брегнец, Австрија, македонскиот тим со комбиниран состав одигра нерешено со домашниот состав.

Марко Митев го отвори резултатот, а потоа преку Кузмановски и Лазаревски македнскиот тим држеше рамноправен чекор и по 10 минути игра беше 4-4.
Австрија го искористи исклучувањето на Лазаревски за да поведе со 6-4, а потоа поведе и со најголемата разлика (8-5). Филип Николов и Самоил Ристевски постигнаа голови со кои го запреа налетот на Австрија во овој период пред Кирил Лазаров да побара тајм аут. 
Одново Николов погоди за намалување на 7-8, а одбраната 5-1 што е ново оружје на Македонија од ЕП намваму функционираше и Џонов украде топка и постигна гол за 9-10, по што Македонија преку Валековски израмни на 10-10, па и Икер Ромеро мораше да бара тајм аут.
Македонија премина во водство, па Австрија беше тимот што бркаше резултат и успеа преку Билик да израмни на 11-11. Нашиот тим испроба и 7 на 6 игра, имавме и грешки во напад, имаше Томовски одбрани во клучни моменти, по што и резултатот беше израмнет целото прво полувреме и на крајот заврши 15-15. 

Неколку добри моменти на Македонија на почетокот на вториот дел донесоа и водство зод 19-17. Следеше брз одговор на домашните (19-19, 20-20) по 10 минути игра.
Потоа следеше најдобриот дел од нашата игра и серија од 4-0 за водство од 24-20 и нов тајм аут за Икер Ромеро. 
Австрија почна да притистка за резултатско враќање, имаа и мала поддршка од судиите во овие моменти особено при резултат 25-27 кога не досудија пенал врз Лазаревски, а веднаш потоа досудија на спротивната страна. 
Мечот влезе во фаза игра на сѐ или ништо. Домашните ја анулираа негативата комплетно на две минути до крајот кога заслужено исклучување доби Петар Атанасијевиќ по што Билик од пенал израмни на 29-29. 
Австрија поведе 30-29, но потоа Митев изнуди исклучување, потоа и Велковски беше фаулиран за седум метри, а Филип Кузмановски пеналот го претвори во реми. 

Филип Кузмановски со 10 гола беше најефикасниот играч во репрезентацијата на Македонија

Поврзани вести