Калараш потпиша за Загреб

Photo: RK Zagreb

Поранешниот ракометар на Вардар, Глеб Калараш потпиша двегодишен договор со екипата на Загреб и следната сезона ќе се пресели во хрватската престолнина. Тој доаѓа од редовите на ПИК Сегед и треба да ја консолидира, пред сѐ одбраната на Загреб. Глеб Калараш беше стандарден ракометар на Вардар во периодот од 2018 до 2021. Во Скопје дојде од Магдебург, а потоа се врати назад во Германија во Балинген, па во Мелзунген откаде што стигна во Пик Сегед.

Загреб од екипата на Сегед презема двајца ракометари. Покрај Калараш, доаѓа и српскиот десен бек Јовица Николиќ. Овој ракометар играше во Војводина, па потоа премина во Кувајт. Беше повреден, се врати, беше поврзуван со трансфер во Алкалоид, но потпиша за ПИК Сегед и сега оттаму оди во Загреб.

Поврзани вести