Блаж Јанц си оди од Барса?

Photo: IHF/International Handball Federation

Нова трансфер бомба е на повидок откако се прошири шпекулацијата дека и словенечкиот ракометар Блаж Јанц е на излезна врата од екипата на Барса.
Словенецот најдоброто во својата кариера го одигра во Блауграна. Дојде како десно крило, се прилагоди да игра и како десен бек и еден од клучните играчи на каталонскиот тим и покрај многу силната конкуренција што ја прават Алеиш Гомез, Дика Мем, во поново време и Ѓорѓе Цикуша...
Најавите дека можеби ќе дојдат Кико Кошта и Маркос Фис откако и Дика Мем ќе замине добро се вклопуваат во моментот дека и за Блаж Јанц можеби е дојдено времето да размислува за нова средина.
Клуб што најсериозно се споменува за алтернатива е полскиот шампион Висла Плоцк. Тие веќе го донесоа од Барса леворакиот Мелвин Ричардсон со кого Јанц успешно играше во Барса.
Покрај Висла во игра се најмалку уште два звучни клуба за евентуален трансфер.

Поврзани вести