Шампионски пехар за Брестовац во Катар

Екипата на Ал Араби каде што главен тренер е македонскиот стратег Данило Брестовац е новиот шампион на Катар. Со скор од 16 победи и 1 пораз на едно коло до крајот, екипата на Данило Брестовац ја освои шампионската титула. Ал Араби има четири бода предност пред второпласираниот Ал Духаил и математички се недостижни.
Финишот на првенството во Катар поради безбеносната криза во регионот се игра во забрзан ритам, па така формално победничкиот пехар ќе го добијат веќе во сабота кога ќе се одигра и последното коло.
Со тоа сезоната нема да биде завршена, останува и Куп натпреврувањето во кое Ал Араби ќе биде еден од фаворитите за победничкиот пехар.

Поврзани вести