Photo: Tatran Presov Handball
Репрезентациите на Македонија и на Словачка двобојот за пласман на СП 2027 ќе го водат на 14 мај во Словачка и на 17 мај во Македонија.
Словаците за град домаќин на првиот меч го одбраа Прешов, домот на најпознатиот словачки клуб – Татран Прешов. Нивната сала, Татран Хендбал Арена има капацитет за 3870 гледачи, а главно се користи за ракомет.
Македонија својот натпревар на домашен терен го закажа за 17 мај во Скопје. Мечот ќе се игра во „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.