ТВ ПРЕНОС: Ждрепка за ЕП 2028, Македонија добива противници

ЖДРЕПКА ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2028
19:00:  Пренос на ждрепката од Лисабон (ТВ АРЕНА СПОРТ 4 ПРЕМИУМ)


Вечерва ќе биде означен стартот на проектот ЕП 2028, ракометен шампионат што желно го исчекуваат и фанови и ракометари затоа што по цели 30 години ЕП ќе се игра некаде каде што и во јануари има сонце. Тоа се Португалија домаќин на првото ЕП (1994) и Шпанија, домаќин на второто ЕП (1996). Третата држава е Швајцарија. Неприродна коалиција и од географски и од спортски аспект, но тука ќе бидат и тие.
Лисабон, Валенсија, Мадрид и Цирих ќе бидат градовите што ќе ги нагостат репрезентациите на ЕП.
Вечерва во Лисабон ќе се одржи ждрепката за квалификациите за ЕП.

Македонија ќе биде во вториот шешир и ги избегнува во овие квалификации незгодните репрезентации на Холандија, Австрија, Србија, Ф. Острови, Чешка, Полска и Италија.
Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи.
Двете најдобри од сите групи и четири најдобри од вкупно осум третопласирани ќе обезбедат учество на ЕП 2028 што ќе се организира во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Квалификациите ќе стартуваат во првата недела од ноември 2026. Тогаш ќе се одиграат две кола, потоа ќе продолжат во март 2027 и ќе бидат комплетирани во мај 2027.

ЕХФ ЕУРО 2028

Квалификувани: Данска, Шпанија, Португалија, Швајцарија

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2028

1. ШЕШИР: Франција, Германија, Хрватска, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка, Словенија
2 ШЕШИР: Холандија, Австрија, Македонија, Србија, Ф. Острови, Чешка, Полска, Италија
3 ШЕШИР: Ц. Гора, Грузија, Романија, Грција, Белгија, БиХ, Украина, Литванија
4 ШЕШИР: Словачка, Финска, Израел, Турција, Луксембург, Косово, Летонија, Естонија

Поврзани вести