Мега потег од Флензбург, купува „три во едно“?

Заминувањето на Симон Питлик и неизвесноста кој ќе го замени, неможноста веќе долго време да најде десен бек и турбуленциите со тренерите за екипата на Флензбург можат да станат минато со само еден потег. 

Деновиве актуелна стана шпекулацијата дека Флензбург би можел да ги откупи од екипата на Спортинг Лисабон браќата Мартим и Кико Кошта, но и нивниот татко, Рикардо Кошта кој, пак, е  тренер на екипата на Спортинг. 

Овој три во едно пакет сигурно ќе чини повеќе од 2.000.000 евра, но тие веќе го имаат на продажба Симон Питлик, трансфер со кој две третини од оваа отштета би биле подмирени.

Поврзани вести