Охрид носи капитално засилување!

Фото: ГРК Охрид

Големо, можеби и најголемото засилување досега доаѓа во екипата на ГРК Охрид. Десниот бек од Унгарија, Доминик Мате, поранешен ракометар на ПСЖ и Келце, а последно на норвешкиот клуб Елверум ќе биде нов ракометар на охридскиот клуб. Информацијата ја потврдија од Охрид кој во моментов е во Грција каде што утре ќе игра 1/4 финален натпревар со екипата на Олимпијакос во рамките на ЕХФ Европскиот Куп.

Поврзани вести