Одржано Собрание на РФМ

Ракометната федерација на Македонија денеска одржа Редовно Собрание, прво со овој раководен состав по Изборното Собрание одржано во март минатата година.
Извештајот за работата на РФМ во минатата година беше главната точка на денешното Собрание.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов ја резимираше работата на федерацијата минатата календарска година почнувајќи од настапот на сениорската машка репрезентација во квалификациите и ЕП 2026, а апострофирани беа и настапите и плановите на женската сениорска репрезентација и младинските репрезентации.

Посебни честитки доби РК Алкалоид за освоениот победнички пехар во ЕХФ Европскиот Куп со што стана дел од малото друштво на македонски екипи што освоите европски пехар.

Ракометната федерација на Македонија од следната сезона ќе обезбеди спортска опрема која ќе се состои од дресови и тренерки, клубовите до Прва машка и Прва женска лига. Стефанов ги повика сите клубови да поднесат список за да може да се изготви опремата.

Исто така ќе биде доделена симболична награда од 30.000 денари за судиите кои не претставуваат надвор од Македонија: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, Силвана Карбеска и Маја Илиева.
 

Поврзани вести