Брестовац го подигна шампионскиот пехар!

Шампионскиот пехар од првенството на Катар, конечно, заврши во рацете на македонскиот тренер Данило Брестовац. Откако во средата, на едно коло до крајот на првенството го резервираа првото место, викендов екипата на Ал Араби беше крунисана во нов шампион на Катар, а македонскиот тренер во своето резиме додаде уште еден победнички трофеј.
Турбулентниот период на Блискиот исток засега не ги прекинал спортските натпреварувања и активности во Катар, па така останува да се игра и Куп натпреварувањето што таму има посебна тежина, а екипата на Ал Араби еден од главните фаворити и во тоа натпреварување, па жетвата за Брестовац не е завршена.

Поврзани вести