Само еден ден откако во јавноста живна една постара шпекулација, дека словенечкиот ракометар Ник Хенигман би можел од редовите на РК Еурофарм Пелистер да премине во редовите на РК Алкалоид, битолчани ги сосекоа сите понатамошни приказни на темата и објавија дека Ник Хенигман останува во Е. Пелистер и наредната година, со опција договорот да биде продолжен за уште една година плус. РК Еурофарм Пелистер ја информираше официјално јавноста за новиот договор.
РК Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе се потпре на словенечката класа и професионалност на Ник Хенигман. Клубот потпиша продолжување на договорот со левиот бек за сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28. Во Хенигман гледаме харизматична додадена вредност на нашиот ростер и, иако во нашиот клуб е само една сезона, чувствуваме како долго да сме заедно.
Хенигман дојде во Битола минатото лето, го освои Суперкупот на Македонија, играше во континуитет во Суперлигата и Лигата на шампионите, а во меѓувреме е незаменлив и во словенечката репрезентација.
Пред да дојде во Македонија, Хенигман играше за Рибница (Словенија), ПИК Сегед (Унгарија) и Сант Рафаел и Шамбери (Франција)