ГОЛЕМ ДЕН ЗА ГРК ОХРИД: Денеска против Олимпијакос за полуфинале

Натпреварот меѓу Олимпијакос и ГРК Охрид ќе се игра во Атина со почеток од 16:00 часот. Директен ТВ пренос ќе има на МТВ.

Денеска е голем за ГРК Охрид, охридскиот спорт и македонскиот спорт, воопшто. Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп се бори за своето историско полуфинале во ова европско натпреварување, а патот го однесе во грчката престолнина Атина каде што на првиот меч ќе се сретне со екипата на Олимпијакос. Грчкиот тим има поголемо искуство во европските натпреварувања, тие во 2024 играа во финалето на ЕХФ Куп. Грција е особено силна во ова натпреварување. Освен што двапати го имаат освојувано (Диомидис Аргус во 2012 и АЕК во 2021) тие и во последните две години имаа клуб што стигна до финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Во 2024 беше Олимпијакос, а во 2025 беше АЕК. Но, актуелен првак е македонски клуб, Алкалоид, а тоа може да биде почеток на нова традиција, особено што ГРК Охрид има силен и добро организиран тим. 

Тренерите Борис Ројевиќ и Рикардо Трилини ги објавија составите за денешниот меч. Охрид е комплетен, во тимот на Олимпијакос недостасуваат две звучни имиња, тоа се Иван Слишковиќ и Алваро Хименез. Но, тоа нема многу да го намали потенцијалот на грчкиот состав затоа што двете позиции се добро покриени. 

Полуфиналниот влог е сам по себе причина мотивот да биде на високо ниво кај двата тима, а кога се работи за грчко-македонски дуели тоа оди на сосема друго ниво. Тоа евентуално ќе се удри од глава на една од екипите, а поголеми се шансите негативниот притисок да биде поголем кај грчкиот тим, барем денеска. 

За таа цел, охриѓани мора да бидат ладнокрвни и да ја држат концентрцијата во екстремни услови во кои искрата лесно се претвора во пламен. 










 

Поврзани вести