Српски бек на радарот на ГРК Охрид

Photo: Maja Nastic /RK Partizan

Екипата на ГРК Охрид е во центар на внимание на македонскиот ракомет неделава. Охриѓани се на прагот да се пласираат во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако вчера на гостински терен го совладаа Олимпијакос, па формалност треба да биде мечот во „Билјанини извори“ каде што ќе ја завршат оваа епизода и ќе почнат нова историска страница.

Пред дуелот со Олимпијакос, од Охрид стигна информацијата дека унгарскиот бек Доминик Мате ќе биде нивниот нов ракометар од следната сезона. Унгарскиот десен бек е капитално засилување и заедно со голманот Дино Славиќ кој исто така е најавен за следната сезона даваат смерница по која ќе оди клубот и веќе се формираат контури на екипа што има капацитет да се бори за шампионски пехар.

Во овој контекс, актуелна е информацијата дека охриѓани во следната сезона би можеле да доведат и ново засилување.

Се работи за српскиот лев бек Никола Зечевиќ, во моментов ракометар на Партизан. Шансите овој договор да биде постигнат засега се во рамките на шпекулациите, но македонскиот клуб успешно настапува на трансфер пазарот, па нема да биде изненадување и ако го видиме на списокот на ГРК Охрид.

Поврзани вести