Од другата страна: Смрдлива соблекувална, пријава за „местенка“...

Photo: Tatabanyahandball

Тешки обвинувања стигнаа на адреса на Порто од нивниот најголем ривал во првенството – Спортинг. По натпреварот во „Драгао“ каде што гостинскиот Спортинг победи 33-30, следеше соопштение од гостите во кое го обвинија Порто не само за континуирано агитирање кај судии, вршење притисок и слично, туку и за смрдливата соблекувална во која имало толку интензивни мириси поради кои апострофираа дека било невозможно да се дише внатре и дека влијаела на перформансот на играчите.
Порто демантираше, повика полиција, претставници од федерацијата и медиуми да дојдат во гостинската соблекувална и да се видат свои очи дали соблекувалната е во ред.

Пријава за наместен натпревар пристигна во Спортската конфедерација на Данска. Бјерингбро- Силкеборг е таргетиран за намерно губење на натпреварот на гостински терен кај екипата на Гриндстед. Анонимен сведок на мечот ја има уптено пријавата и ги има известено најголемите медиуми во Данска.
На тој меч (победа на Гриндстед 27-26), не само што Бјерингбро-Силкеборг настапил без неколку стандарни играчи, туку и тие што играле во второто полувреме не реализирале неколку многу изгледни шанси што и е причина да биде пријавен овој натпревар и да се бара ревизија.

Сезоната е завршена за хрватскиот бек Јосип Шарац, соиграч на Филип Талески во унгарската екипа Татабања. Клубот денеска информираше дека здравјето е побитно и официјализираше дека сезоната за Хрватот е завршена. Соиграчите на терен се појавија со маички на кои беше испишана порака за поддршка на Јосип Шарац.










 

Поврзани вести