Фото: ГРК Охрид
Охридскиот клуб денеска го офцијализираше доаѓањето на второто засилување за следната сезона, Доминик Мате.
Унгарскиот репрезентативец е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид! Игра на позицијата десен бек (202 см, 108 кг) и ќе го носи дресот со бројот 23 следната сезона.
Тој доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство, а пред Елверум настапуваше и за многу попознатите ПСЖ и Киелце, како и унгарскиот Балатон.
"Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Со нетрпение чекам да ги запознам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања." - изјави Мате.