Столе Стоилов на клупата на Бутел Скопје

Екипата на РК Бутел Скопје во иднина ќе биде предводена од македонската ракометна легенда Стојанче Стоилов. 
Се очекуваше вардаровата икона тренерската кариера да ја почне во клубот каде што одбележа историски момент и прв го крена шампионскиот пехар во ЛШ во 2017 година, но клубот имаше поинакви планови. 

Стоилов е дел од тренерскиот тим во македонската машка репрезентација, а сега прв пат самостојно ќе води суперлигашки клуб, иако и на тоа поле има собрано искуство од црвено-црната клупа, па процесот нема да му биде непознат.
РК Бутел Скопје утре ќе организира прес конференција на која ќе го претстави Стоилов за нов тренер и воопшто плановите за понатаму.

Стоилов ќе почне со работа во Бутел Скопје од следната сезона, а тековната ќе ја одработи нивниот досегашен тренер Горан Кузманоски и потоа ќе се пресели на Кипар. 

Поврзани вести