Photo: IHF
ВЕСПРЕМ – ПСЖ 32-24 (15-9)
Првиот натпревар од елиминациите во ЛШ го однесоа ПСЖ на дуел во Веспрем, пресметка меѓу двата клуба со најголеми буџети во светскиот ракомет.
Дуелот го одбележа доминацијата на екипата на Веспрем која мошне брзо и лесно стигна до убедливо водство (5-2, 10-5, 12-7), а потоа не им дозволи на Французите да се вратат во игра и го диктираше резултатот до крајот на мечот. Во неколку наврати Веспрем водеше и со девет гола разлика, а конечниот резултат е 32-24.
Крилата Иго Деска (10/10) и Јанис Лене (6/6) беа најефикасните кај Веспрем, додека кај екипата на ПСЖ, Камил Шипжак со осум гола беше најдбриот стрелец.
Судии на овој меч беа Македонците Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, имаа многу работа и требаше да носат комплицирани одлуки.