Вести: Ирански проблем за Адемар, Флензбург си најде десен бек...

Photo: Marcus Bauer

Аксел Мансон, тинејџерската ѕвезда на Кристијанштат, еден од најатрактивните за трансфер млади ракометари, следната сезона ќе се пресели во Данска и ќе игра во новиот голем проект во скандинавијата – тимот на Хој Елит.

Саид Баркодари, иранскиот голман на Адемар Леон си замина од клубот на неодредено време и се врати назад во Иран каде што е неговото семејство. Баркодари се вратил назад за да биде со своите најблиски кои преживуваат тешки моменти по нападите од САД.

Унгарскиот пивот Миклош Рошта заминува од екипата на Динамо Букурешт и се враќа назад во тимот на ПИК Сегед со кого веќе има освоено два пехари во домашното првенство.

Ги таргетираа Рејнарс Усчинс и Кико Кошта, но на крајот потпишаа договор со несудениот исландски фудбалер кој стана успешен ракометар. Флензбург се договори со Вигор Кристијансон и тој ќе биде нивни играч од 2027 година.

Годинешното засилување на Партизан, Симо Шијан, заработи фрактура на дланката и за него тековната сезона е завршена. Партизан важи за топ фаворит за титулата, но минатата недела прв пат сезонава беше поразен од Војводина и сега одново сите карти се отворени.

Францускиот Нант ги претрка ривалите кои имаа амбиции да им украдат играч и потпиша нов договор со швајцарското крило Ноам Леополд и тоа за следните четири години.


 

Поврзани вести