Најде ли Е. Пелистер замена за Домен Тајник?

Foto: Maja Nastic / RK Partizan

Најде ли Еурофарм Пелистер замена за словенечкиот плејмејкер Домен Тајник? Според пишувањата на српскиот „Моцарт“ - да. И тоа одново ќе биде Словенец тој кој ќе ја креира играта на зелено-белите следната сезона. 
Миха Котар, наводно доаѓа во Битола од редовите на Партизан. Овој централен бек во Партизан е од 2024 година, според оценката на српскиот медиум играл сосема солидно за тој период, а најдобрите партии ги пружил неодамна.
Миха Котар има важечки договор со Партизан до јуни 2027, но добил дозвола од црно-белите за трансфер и ако оваа информација се покаже точна, ќе го видиме во Битола. 

Поврзани вести