Пристоен пораз на Македонија од Германија

МАКЕДОНИЈА - ГЕРМАНИЈА 27-35 (14-19)

Женската репрезентација на Македонија очекувано е поразена од тимот на Германија, актуелен светски вицепрвак кој со изменет состав дојде во Скопје. 
Поразот е со осум гола разлика што е во категоријата прифатливи, ако имаме предвид дека на првиот меч беше двоцифрено. 
Пораз не е за славење, но Македонија може да биде умерено задоволна со конечниот епилог на натпреварот затоа што ова би можело да биде чекор кон остварување на крајната цел, а таа е пласманот на ЕП 2026. 

Македонија ќе биде третопласирана во групата и ќе се пребројува со (бодови) гол разлика со другите третопласирани во групите, а ќе им се бројат резултатите од дуелите со првите две екипи. 
Затоа пораз што не е со голема разлика може да биде клучен, но има по што да жали Македонија по овој меч, затоа што ако играше малку подобар одбрана и со подобра реализација во финишот, тогаш можеше да биде и порамноправна и барем за неколку голови да ги подобри своите шанси.

 

Поврзани вести