Косуке Јасухира пристигна во Охрид!

Екипата на ГРК Охрид доведе уште еден нов играч за финишот на сезоната во која клубот ќе се бори на три фронта. Косуке Јасухира, познатиот јапонски плејмејкер ќе биде дел од охрискиот тим до крајот на сезоната. 

Јапонецот ја освои македонската публика како ракометар на Вардар 1961, каде што дојде од полската Висла. Направи разлика во играта на црвено-црниот тим и тоа не остана незабележано кај нашата ракометна јавност. Откако замина од Вардар 1961 се пресели на Блискиот исток, каде што последно играше во Кувајт. 

ГРК Охрид со вчерашната победа во Битола  освен што во пракса го промовираше Вардар во нов шампион, ја измеша табелата во Суперлигата во битката за второто/третото место. Јапонецот ќе може да игра и во Суперлигата и во Куп на Македонија и во ЕХФ Европскиот Куп доколку навреме се комплетираат сите потребни документи. 

Поврзани вести