Женската репрезентација на Македонија, според резултатите во квалификациите за пласман на ЕП 2026 е во фазата во која се пребројува со гол разлика со третопласираните репрезентации од шесте групи за место на континенталниот шампионат.
Од вкупно шест групи, четири третопласирани репрезентации ќе се пласираат на ЕП. Нив им се бројат само резулттите со двете првопласирани екипи во групат. Тоа е клучно на пример за Македонија која има и пораз од четвртата Белгија, но тој резултат нема да се брои во крајното рангирање.
Од шесте третопласирани, во групата „4“ каде што се Ф. Острови, Ц. Гора, Исланд и Португалија, третопласираниот тим ќе има и два бода и сигурно ќе оди на ЕП.
Така, остануваат три места за кои се борат пет репрезентации.
Во моментов, Македонија е на петтото место, но и со реални изгледи да се искачи место погоре откако денеска ќе играат Финска и Хрватска. На првиот меч одигран во Хрватска, домашните победија со осум гола разлика.
ТАБЕЛА НА ТРЕТОПЛАСИРАНИ
1. Португалија/Исланд (2 бода)
2. Финска 0 бодови – Гол разлика: -25 и дуели со Хрватска и Франција
3. Украина 0 бодови – Гол разлика: -28 и меч со Србија
4. Грција 0 бодови – Гол разлика: – 29 и меч со Австрија
5. Македонија 0 бодови – Гол разлика: -32 и меч со Словенија
6. Италија 0 бодови – Гол разлика: -35 и дуели со Холандија и Швајцарија
Италија во пракса е веќе отпишаната третопласирана екипа, но Македонија мора да биде најмалку на четвртото место. Во игра се повеќе опции, многу работи зависат и од мечот меѓу Словенија и Македонија, но генерално очекуваме други да ни ја завршат работата, а во случајов најголеми надежи имаме во тимовите на Хрватска и Франција кои би требало да ја симнат Финска од моменталното второ место.