Женската репрезентација на Македонија e на чекор од пласман на ЕП 2026. Нашиот тим според резултатите во квалификациите за пласман на ЕП 2026 е во фазата во која се пребројува со гол разлика со третопласираните репрезентации од шесте групи за место на континенталниот шампионат.
По комплетирањето на петтото, претпоследно коло Македонија е на четвртото место, со реални изгледи да се пласира на ЕП откако ќе биде комплетирана последната рунда. Голема работа за македонскиот тим вчера заврши репрезентацијата на Хрватска која славеше убедлива победа над Финска од 14 гола разлика со што ги симна финските ракометарки од второто на петтото место на табелата на третопласираните екипи.
Сега имаме плус седум во однос на Финска и за пласман на ЕП, на Македонија и е доволно Франција да ја победи Финска, а ние да не загубиме во Словенија со некоја катастрофална разлика.
Од вкупно шест, четири третопласирани репрезентации ќе се пласираат на ЕП. Нив им се бројат само резултaтите со двете првопласирани екипи во групатa.
Табелата на третопласираните репрезентации, во моментов изгледа вака:
ТАБЕЛА НА ТРЕТОПЛАСИРАНИ
1. Португалија/Исланд: 2 бода
2. Украина: 0 бодови – Гол разлика: -28 и меч со Србија
3. Грција: 0 бодови – Гол разлика: -29 и меч со Австрија
4. Македонија: 0 бодови – Гол разлика: -32 и меч со Словенија
5. Финска: 0 бодови – Гол разлика: -39 и меч со Франција
6. Италија: 0 бодови – Гол разлика: -50 и меч со Швајцарија