Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за Куп натпреварите што следниот викенд ќе се играат во Струмица.
Со еден билет ќе можат да се следат двата полуфинални натпревари во машка конкуренција, а тоа се дуелите ГРК Охрид – Е. Пелистер и Алкалоид – Вардар 1961, како и двата полуфинални натпревари во женска конкуренција, а тоа се дуелите меѓу екипите на Пелистер и Ѓ. Петров, односно Спартак и Чаир.
Во пресрет на претстојниот Ф4 турнир од Купот на Македонија, ве информираме дека билетите се пуштени во продажба.
Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машкиот и женскиот Ф4, кои ќе се одиграат на 17 и 18 април во СС„Парк“ – Струмица.
Цената на билетот изнесува 400 денари.
За билетите за финалниот натпревар (недела), дополнително ќе биде објавена информација.
БИЛЕТИ МОЖАТ ДА СЕ КУПАТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:
Куп на Македонија Полуфинални натпревари - MKTickets : MKTickets