Довидување од Лунде, Цвијиќ, Грбиќ, Крпеж...

Photo: International Handball Federation / IHF

По шест месеци натпреварување поделено во три циклуси, завршија квалификациите за ЕП 2026 во женска конкуренција. Квалификациите завршија со посакуван епилог за Македонија која слави пласман на нов ЕП и ќе одржи континуитет на евро-сцената. Од друга страна перформансот на нашиот тим, а и резултатите во текот на квалификациите не се некоја причина за славење.
Сепак, имаше и послаби од нас и Македонија ќе биде дел од наредниот континентален шампионат и доколку периодот од седум месеци што е пред нас биде првилно искористен, Македонија на ЕП би можела да го подигне нивото и да биде покомпетитивен учесник.

Последниот квалификациски ден, освен верификацијата на учесниците на ЕП 2026 понуди и неколку моменти вредни за одбележување.
Неколку познати ракометарки ги одиграа своите последни натпревари за репрезентациите, а меѓу нив се и неколку играчи што играле во Македонија.
Од репрезентацијата на Србија се простија Драгана Цвијиќ и Катарина Крпеж, поранешни ракометарки на ЖРК Вардар и ЖРК Металург.
Од репрезентацијата на Црна Гора се прости поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Итана Грбиќ и Ивона Павичевиќ.
Последниот меч за репрезентацијата на Норвешка го одигра вечната Катрине Лунде, а и од репрезентацијата на Шведска се простија две познати имиња: Натали Хагман и Јамина Робертс.
Хрватска во иднина продолжува без Лариса Марковиќ, а тимот на Швајцарија веќе нема да може да смета на Керстин Кундиг.

Овие девет ракометарки оставија силен печат во своите репрезентации, а дел од нив и во светскиот ракомет, особено Катрине Лунде која својата репрезентативна кариера ја заокружи со 32 медали освоени со Норвешка на СП, ЕП и Олимписките игри.

Поврзани вести