Македонија чека печат за пласманот на ЕП 2026

Пласманот на Европското првенство во декември 2026 на женската репрезентација на Македонија треба да биде верификуван попладнево, откако ќе се одиграат клучните натпревари од последното коло од квалификациите.
Македонија од 18:00 часот во Велење, Словенија, ќе игра меч репрезентацијата на Словенија. За пласман на Македонија на ЕП работа ќе заврши и пораз од седум гола разлика, под услов Финска да биде поразена од Франција најмалку со еден гол.

Очекуваме, тоа е реалност, Франција да победи со поголема разлика од еден гол, а секој гол плус во конечниот исход на тој меч, ќе ја крева и границата што Македонија може да си ја дозволи како луксуз во пораз во Велење.
Двата меча се играат истовремено, па екипите нема да знаат каков резултат им врши работа. Во пресметките не е само Финска, на Македонија и одговараат и порази на Украина од Србија и на Грција од Австрија. Италија е земјата што е елиминирана, а за Португалија или Исланд и покрај тоа што ќе имаат и два бода од прво/второпласираните, овој систем на квалификации е погубен, затоа што на крајот една екипа ќе биде елиминирана.
Комплетното шесто коло во сите групи ќе се игра денеска, а сите натпревари почнуваат во 18:00 часот.

ТАБЕЛА НА ТРЕТОПЛАСИРАНИ
1. Португалија/Исланд: 2 бода
2. Грција: 0 бодови – Гол разлика: -29 и меч со Австрија
3. Украина: 0 бодови – Гол разлика: -30 и меч со Србија
4. Македонија: 0 бодови – Гол разлика: -32 и меч со Словенија
5. Финска: 0 бодови – Гол разлика: -39 и меч со Франција
6. Италија: 0 бодови – Гол разлика: -50 и меч со Швајцарија

Поврзани вести