Македонија се пласираше на ЕП 2026!

СЛОВЕНИЈА - МАКЕДОНИЈА  27-18 (15-8)

Женската репрезентација на Македонија се пласираше на ЕП 2026, откако денеска послаби од нашиот тим во конечнат табела на квалификанти станаа репрезентациите на Италија, Финска и Грција. 
Македонија, заедно со репрезентациите на Исланд, Украина и Грција се репрезентации што успеаја да се пласираат на ЕП како најдобро третопласирани екипи во квалификациските групи. 

Македонија денеска играше меч во Велење, против репрезентацијата на Словенија. Запишавме пораз од девет гола разлика (18-27) во натпревар што нема да се памети, ниту по играта ниту по резултатот. Ќе се памети по тоа дека беше последниот во квалификациите по кои Македонија се пласираше на ЕП. 

Словенија демонстрираше разлика во класи, веќе во првиот дел од натпреварот имаше предност од седум гола, а Македонија не го поправи впечатокот ниту во вториот дел. Ангела Јанкуловска со четити постигнати голови беше најдобриот стрелец за нашиот тим. 
 

Поврзани вести