Кошта во Флензбург, Србин ќе биде негова замена

Одново се распламте шпекулацијата португалскиот бек Франциско Кико Кошта да замине од Спортинг на крајот на оваа сезона и за богата отштета да се пресели во германскиот Флензбург.
Се зборуваше за пакет во кој во Спортинг ќе се пресели и неговиот постар брат, Мартим Кошта, а и нивниот татко Рикардо Кошта кој во моментов е тренер на Спортинг.
Но, Рикардо Кошта наводно ја одбил понудата, а за Мартим се зборува дека е блиску до договор за трансфер во Флензбург.
Што се однесува со Кико Кошта, „таа“ работа се смета за завршена и тоа до толку што веќе е најавена и можната замена во Спортинг.
Српскиот репрезентативец Урош Којадиновиќ кој игра за екипата ан Тулуз во Франција наводно е најсериозниот кандидат да биде новиот десен бек на Спортинг.

Поврзани вести