ВЕСТИ: Партизан доведе петти играч, германската ѕвезда на операција

Унгарскиот клуб ПИК Сегед на најавата на шведскиот ас Јим Готфридсон дека ќе бара судска разврска за едностраното предвремено раскинување на договорот, објави кратко соопштение дека отказот односно раскинот на договорот е законски исправен и дека веќе нема намера да коментира на темата.

Белградски Партизан под команда на Раул Гонзалез доживува комплетна играчка трансформација. Црно-белите го претставија петтиот нов играч, а тоа е израелскиот плејмејкер Јоав Лумбросо кој доаѓа од редовите на Динамо Букурешт.
Претходно за Партизан потпишаа Илија Абутовиќ (Е. Пелистер), Милош Кос (Ерланген), Тобијас Вагнер (Лимож) и Мигел Санчез Мигаљон (Бенфика).
Шестиот нов играч би требало да биде белорускиот бек Владислав Кулеш од Мелзунген.

Новата германска ѕвезда и иден играч на Кил, Јулијан Кестер мораше на итна операција на коленото и засега нема точна временска рамка кога би се вратил на терен. Во неговиот Гумерзбах се надеваат дека тоа ќе биде сезонава.
Кестер имал инфекција која предизвикала воспаление и среќа што докторите брзо ја дијагностицирале и препознале сериозноста на состојбата затоа што можело лесно да се случи да отиде во несакан правец целата работа. Операцијата е извршена успешно, Кестер се рехбилитира и се очекува да биде во ред наскоро.

Најдобриот стрелец во првенството на Србија, Његош Ѓукиќ, ракометар на екипата на Врање, направи трансфер и следната сезона ќе игра во шампионот на Словачка, екипата на Татран Прешов.

Поврзани вести